13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVerizon сака 1 милијарда долари попуст од цената на Yahoo

Verizon сака 1 милијарда долари попуст од цената на Yahoo

verizon-yahoo-832x333

„Verizon Communications“ инсистира за 1 милијарда долари попуст од износот од 4,8 милијарди долари, што треба да се плати за да се здобијат со основниот бизнис на „Yahoo“, пишува „New York Post“, повикувајќи се на свои извори.

Од своја страна, тимот на „Yahoo“, кој се занимава со ова прашање, се противи на сите обиди за намалување на износот наведува весникот, цитиран од агенциите.

Во минатиот месец „Yahoo“ објави дека најмалку 500 милиони од нејзините сметки станаа предмет на хакерски напад во 2014-та година, а во соопштението „Verizon“ изјави дека била информирана веднаш за случајот, но не располага со многу информации за ова прашање, пишува „Ројтерс“.

Американски сенатори го обвинија „Yahoo“ за „неприфатливото“ задоцнување во откривањето на хакерскиот напад во нејзините системи и ја повикаа Комисијата за хартии од вредност и берзите во САД да испитаат дали „Yahoo“ и нејзините директори ги исполниле своите обврски да ги информираат инвеститорите и јавноста за хакериот напад што е можно побрзо.

Од „Verizon“ и „Yahoo“ одбиле да дадат коментар за овој случај.

Во јули „Verizon“ најави дека ќе ги купи главните интернет средства на „Yahoo“ за 4,83 милијарди долари во готово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП