3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпрогрес ги претстави здравите својства на производите од брендот Natura на...

Макпрогрес ги претстави здравите својства на производите од брендот Natura на овогодинешниот Health, Fitness & Wellness Expo

bbb

Макпрогрес се претстави на овогодинешниот Health, Fitness & Wellness Expo – најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил кој беше организиран по втор пат во Македонија.

Компанијата со гордост ги претстави здравите својства на производите од брендот Natura, а посетителите на настанот имаа можност да ги вкусат и да научат нешто повеќе за придобивките од конзумирање здрави прехранбени продукти.

Спортистите и љубителите на здрава храна и здрав живот знаат дека грижата за здравјето започнува со храната. За нив, производите на Natura како корнфлекс, житни снегулки, експандирани житарки, семиња, соја производи и сушено овошје се вистинскиот избор.

baa

Посетителите на Health, Fitness & Wellness Expo се верни на производите на Natura затоа што ги познаваат големите придобивки од малите семиња, а оваа година имаа можност да ги вкусат и новите миксови од овошја и семиња.
За оние кои се на прагот на спортскиот животен лајф-стајл следеа куси презентации за нераскинливата врска помеѓу здравата храна и спортувањето.

Посетителите имаа можност да научат кои семиња и житни продукти ја зголемуваат издржливоста при вежбањето и колку време пред почетокот на тренингот треба да се јадат. Исто така, доибија корисни информации кои продукти го поттикнуваат телото побрзо да топи маснотии за да ги „нахрани“ мускулите, а кои продукти се богати со антиоксиданси, хранливи влакна и бета-глукан. Воедно, добија идеи како да ги комбинираат семињата и житарките со сушено овошје, за да ја збогатат хранливата вредност на оброкот и да уживаат во егзотичен вкус.

bbb

Викендот посветен на најновите програми за вежбање,фитнес, масажи,  здрави напитоци и органска храна помина во супер спортски дух и расположение, а производите на Natura беа препорачани од врвни фитнес тренери и спортски легенди.

bcc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП