3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа да ги намали расходите ING планира да отпушти 5.800 работници

За да ги намали расходите ING планира да отпушти 5.800 работници

ing l99

Холандската финансиска група „ING Groep“ планира да скрати 5.800 работни места во Белгија и Холандија во следните пет години, за да се намалат трошоците, додека компанијата ја забрзува дигиталната трансформација, пишува „Bloomberg“.

„ING“ очекува да заштеди годишни трошоци од околу 900 милиони евра со оваа иницијатива, изјави доверителот во соопштението од понеделникот. Банката ќе инвестира и околу 800 милиони евра во дигитални технологии.

„ING“, која има 51.833 вработени до крајот на јуни, се очекува да намали за 2.300 работни места во Холандија и со околу 3.500 во Белгија. Околу 7.000 лица во целина ќе бидат погодени, рече доверителот.

Главниот извршен директор Ралф Хамерс кој ја презеде функцијата во октомври 2013-та година, инвестира во финансиска технологија за да ги намали трошоците за вработени и банкарски филијали. Во исто време тој се обидува да го прошири кредитирањето кон корисниците и компаниите надвор од внатрешниот пазар во Холандија. Иако „ING“ не се соочува со големи парични казни, рекордно ниските каматни стапки и регулаторните барања вршат притисок врз кредиторот со седиште во Амстердам за намалување на трошоците.

„Commerzbank“ минатата недела објави дека планира да отпушти 9.600 работници и дека нема да размислува за обновување на исплатите на дивидендите, додека не се направи поголемиот дел од отпуштањата во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП