12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова трансатлантска трансакција се најавува во хемиската индустрија

Нова трансатлантска трансакција се најавува во хемиската индустрија

lanxess33

Производителот на специјални хемиски производи со седиште во Келн, „Lanxess“ има намера да стекне американскиот конкурент „Chemtura“ за околу 2,1 милијарди долари во готово. Производителот на противпожарни материи и адитиви за подмачкување веќе потпишал преддоговор, објави компанијата во соопштение.

„Lanxess“ нуди цена од 33,50 долари за акција на „Chemtura“ што претставува премија од околу 19 отсто во однос на цената на затворање на берзите во петокот.

Зделката, која ја проценува целата компанија на околу 2,4 милијарди евра, ќе се финансира главно преку издавање на корпоративни и хибридни обврзници и од постоечките ликвидни средства. За спроведување на трансакции е потребно и одобрение на акционерите на „Chemtura“ и на антимонополските органи.

Со најголемата придобивка во историјата, „Lanxess“ го надградува значително својот паричник со адитиви и ќе стане водечки снабдувач на овој многу ветувачки пазар. Затворањето на договорот се очекува во средината на 2017-та година, а по 2020-та година се очекува синергијата да достигне ефект од 100 милиони евра годишно.

Во предвид на договорот сепак германската компанија се откажува од планираната акција за откуп на акции во вредност од 200 милиони евра. Концернот досега извршуваше план за реструктуирање и „стегање на ременот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП