3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs ќе крати персонал во инвестициското банкарство

Goldman Sachs ќе крати персонал во инвестициското банкарство

golman saks

Инвестициската банка „Goldman Sachs“ планира да скрати околу една четвртина од позициите во инвестициското банкарство во Азија со исклучок на Јапонија, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на свој извор. Причината е падот на спроведените зделки во овој регион.

Банката со седиште во Њујорк, размислува да скрати околу 75 позиции во Азија подоцна во оваа година. Вработените на „Goldman Sachs“ во светот се околу 35 илјади лица.

Според податоците на „Bloomberg“, банката се соочува со една од најслабите презентации од 2008-ма година, што се однесува до посредничката дејност при договори за зголемување на капиталот. Од „Goldman Sachs“ одбиваат да дадат коментар.

Кинеските инвестициски посредници се претвораат во предизвик за западните банки во Азија како „Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“. Токму компании од Кина заземаат седум од првите 10 позиции во Хонгконг за консултантска активност при ИПО (IPO) во оваа година.

Голем број на големи инвестициски банки во светот го намалуваат персоналот за да ги намалат трошоците по падот во добивката во оваа година. „UBS“ пример воведе кратенки на менаџерско ниво во Азија.

Минатиот месец „Goldman Sachs“ ги извести регулаторите во САД дека има намера да скрати 15 позиции во Њујорк до крајот на оваа година во одговор на забавената трговија и инвестициско банкарство. Оваа година банката го скрати персоналот четири пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП