2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank пред сериозни отпуштања

Commerzbank пред сериозни отпуштања

comerc3

Германската банка „Commerzbank“ се соочува со драстични намалувања на работните места. Извршниот директор Мартин Цилке има намера да намали барем 5.000 од вкупно 50.000 работни места, пишува „Wall Street Journal“ во онлајн изданието, повикувајќи се на извор кои се запознаени со плановите. Најзасегнати ќе се вработените во администрацијата.

Порано и германски „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ соопшти дека според информации од самата компанија станува збор дури и за намалувањето на цели 10.000 работни места. Во петокот од банката одбиваа да коментираат на оваа тема.

Од именувањето, Цилке работи на нова стратегија за втората по големина според пазарната капитализација германска банка, за да престане да се подгреваат ниските каматни стапки и построгите барања за пад на профитот. Според различни шпекулации менаџерот има намера следната недела да ги претстави своите планови пред Надзорниот одбор, а потоа да биде информирана и јавноста.

Веќе стана јасно дека банката најверојатно да се раздели со единица за средната класа. Во иднина компанијата ќе работи со клиенти со обрт до 5 милиони евра за да може да управува од единица за приватни клиенти, додека банкарството на големо може да биде интегрирано во одделот за инвестициско банкарство. Банката не ја исклучува можноста и за драстично намалување на филијалите.

За време на владеењето на претходникот на Цилке, Мартин Блесинг, „Commerzbank“ скрати од 2013-та година околу 5.000 работни позиции.

Блесинг, еден од ретките европски банкарски директори кои ги задржаа своите позиции по почетокот на кризата, го пренасочи фокусот на заемодавачот кон средните компании и банкарство на мало, заедно со инвестициската единица и полската гранка „MBank“.

Тој и помогна на банката да се реструктуира, откако доверителот доби 18,2 милијарди евра од германските даночни обврзници поради глобалната финансиска криза. До денес износот не е целосно издолжена, а државата е најголем акционер со удел од 15%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП