15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMaersk се дели на две компании за да се обиде да преживее

Maersk се дели на две компании за да се обиде да преживее

maersk333

Данскиот конгломерат „A.P. Moeller-Maersk A/S“ се подели на две компании, за да генерира поголем раст, пишува „MarketWatch“.

Компанијата се обидува да го надмине силниот пад на пратките и на цените на нафтата, додава весникот.

„Maersk Line“ – најголемата поделба на компанијата и најголемиот товарен оператор во светот од гледна точка на капацитетот, ќе формира новата транспортна и логистичка единица.

Интересите на компанијата во областа на нафтата ќе се управувани од енергетска единица која или ќе остане дел од групата, или ќе биде посветена како заедничко вложување или пак јавно претпријатие.

Весникот потсетува дека во јуни „Maersk“ ги воодушеви инвеститорите, откако го отпушти главниот извршен директор Нилс Андерсен. На негово место беше назначен Сорен Скоу кој уште тогаш најави дека групата ќе се раздели на делови, а некои од нив ќе бидат присутни на берзата.

Бизнисот со превоз на контејнери на данската компанија страда поради презаситеноста, што пак предизвика и ценовна војна меѓу операторите. Тоа, сепак, ги доведе до тешкотии да си ги покриваат дури трошоците за гориво.

Во исто време веќе речиси две години цената на нафтата се задржуваат на пониски нивоа, што пак удри на енергетскиот бизнис на компанијата.

Одлуката на „Maersk“ за поделба на бизнисот доаѓа во позадина на бранот на консолидација во индустријата со превоз на контејнери по море. Многу од големите компании во овој сектор во последните години се здружуваат за да се намалат трошоците и да се зголеми конкурентноста.

Други, пак, ја немаат таа среќа. „Hanjin“ – еден од најголемите светски морски превозници престана да прифаќа нови товари во минатиот месец и поднесе барање за заштита од доверителите. Судот по стечај на Јужна Кореја и нареди на компанијата да ги врати на нивните сопственици бродовите кои ги користат под наем, и да продаде што е можно повеќе од своите, за да собере средства.

Операторите се мачат да формираат и сојузи и широки оперативни партнерства исто со цел намалување на трошоците без тоа да доведе до целосна апсорпција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП