4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПартнерство помеѓу Httpool и WeTransfer во Централна и Источна Европа

Партнерство помеѓу Httpool и WeTransfer во Централна и Источна Европа

vee_620x0

Httpool  и WeTransfer, најголемата платформа за пренос на податоци, склучија партнерство за стратешко и продажно ниво.

Огласувачите и медиумските агенции од сега ќе бидат во можност брзо да пристапат до сите WeTransfer сервиси и производи со помош на локалните Httpool тимови на територијата на Централна и Источна Европа.

Џон де Ланг, директор на продажба во WeTransfer: “Со намера да ги приближиме нашите производи на огласувачите во Централна и Источна Европа и Азија, одлучивме Httpool да не застапува преку својата мрежа. Не добивме само стратешко присуство на огромно географско подрачје, туку и долгорочен партнер кој ќе ни помогне за раст на бизнисот во овој регион”.

 

За WeTransfer:

WeTransfer е водечки сервис за испраќање фајлови и обезбедува единствен креативен простор на своите корисници. Поради потребата за поедноставно испраќање на големи фајлови, Бас Биренс и Налден во 2009 година го лансираа WeTransfer. Со повеќе од 37 милиони корисници и повеќе од 100 милиони трансфери месечно, платформата ужива голема лојалност од своите корисници. WeTransfer наскоро ќе биде достапен на 11 јазици: англиски, шпански, француски, италијаснки, германски, холандски,португалски, турски,дански, шведски и норвешки.

За Httpool:

Httpool е водечка рекламна мрежа во Централна и Источна Европа. Преку 17 канцеларии присутна е во 23 земји на Европа и Азија. Обезбедува најширока палета на дигитални рекламно решенија и производи на различни уреди преку голем број дигитални канали, како и ексклузивно застапувајки ги избраните локални и глобални медиуми како што се Twitter, Linkedin, Spotify, а сега и WeTransfer.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП