27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМолкот за Макпетрол – неизвесна иднина за Телма и вработените

Молкот за Макпетрол – неизвесна иднина за Телма и вработените

telma

Неколкумесечниот молк на институциите кои одлучуваат во обидот за преземање на Макпетрол деновиве кулминира со времено запирање на постапката во Комисијата за хартии од вредност, кое всушност ќе значи ново одложување на одлуката за најмалку неколку месеци.

И натаму не е јасно зошто надлежните продолжуваат да молчат околу целата постапка и понудата за преземање од „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“. Сомнителниот молк од КХВ, но и од Централниот депозитар за хартии од вредност, отвора дилеми околу начинот на кон институциите се поставени кон целиот случај. Се поставува и прашањето: на кого му одговара ваквата ситуација?

Уште во јули, кога од „БПХЛ“ тврдеа дека доставиле банкарска гаранција за понудата, што е еден од предусловите за воопшто да започне постапката, во медиумите се појавија информации дека гаранцијата не е валидна, па дури и дека воопшто не постои. Овие информации не беа демантирани од КХВ, од Комисијата одбиваат да одговорат на какво било новинарско прашање во врска со банкарската гаранција. Сличен одговор на новинарските прашања се добива и во Централниот депозитар за хартии од вредност, каде ја префрлаат одговорноста за целиот случај кон КХВ, иако според законот, понудувачот ја доставува банкарската гаранција токму до ЦДХВ.

Ако се има предвид периодот од неколку месеци кој помина во меѓувреме, јасно е дека гаранцијата истекува или е истечена, ако таа воопшто постои. Исполнети се сите услови барањето од „БПХЛ“ за понуда за преземање на Макпетрол да биде одбиено, но наспроти ова, институциите решија во недоглед да си ја префрлаат топката и да ја пролонгираат постапката.

Одолговлекувањето на процесот го отежнува тековното работење на Макпетрол и ги остава акционерите и вработените во најголемата македонска нафтена компанија во неизвесност и страв за иднината. Ваквата ситуација има посебни последици по телевизија Телма, која е во сопственост на Макпетрол. Телевизијата следните месеци, во чувствителниот предизборен период, ќе треба да работи во атмосфера на притисок и неизвесност за иднината. Доколку се случи преземањето, Телма ќе мора или да биде продадена во краток рок или да згасне, затоа што според нашите закони, медиум не смее да биде во сопственост на офшор-компанија.

Од Макпетрол ги повикаа институциите на брза и законита постапка, со цел да се донесе конечна одлука околу понудата за преземање и да се надмине неизвесноста во која се наоѓаат акционерите и вработените на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП