28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle: Доминацијата на Amazon заврши

Oracle: Доминацијата на Amazon заврши

oracle 3535359

„Oracle“ претстави нови услуги кои може да им помогнат на корисниците да имаат корист повеќе од облак услугите. Потегот се случува во момент во кој компанијата е во жестока трка со конкурентот „Amazon.com“, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата ја објави „Cloud @ Customer“, која зема опрема од своите центри за податоци и го користи овој хардвер за корисничките центри за податоци, изјави претседателот Лери Елисон за време на презентацијата во рамките на „Oracle OpenWorld“ во Сан Франциско.

Клиентите нема да има потреба да ја купуваат технологијата, и наместо тоа треба да се претплатат на услугата на месечна база.

Покрај тоа Елисон најави дека „Oracle“ има повеќе моќни производи по пониски цени во споредба со „Amazon“ – основниот оператор на облак услуги и главниот конкурент на компанијата во областа на инфраструктурата.

„Доминацијата на Amazon заврши. „Amazon“ ќе се соочи со сериозна конкуренција“, коментираше Елисон за време на презентацијата.

„Oracle“ вложува поголеми напори во областа на облак технологијата и објави нови производи, така што купува други компании, за да го зголеми бројот на клиенти.

„Amazon“, која беше пионер во воведувањето на јавните облак услуги, го привлече вниманието на стартапите и корпорациите низ целиот свет, а сето тоа ја соочи очи во очи со конкуренти како „Microsoft“ и „Google“.

За време на презентацијата, Елисон најави и неколку други нови услуги, кои се протегаат во области како базите на податоци, облак услуги и методите за програмирање. Покрај тоа направи демонстрација на платформата „ChatBot“, која се интегрира во апликацијата на „Facebook“ – „Messenger“.

„Oracle“ откри дека добива стартап „Palerra“ кој ќе и помогне да ги прошири своите можности во областа на безбедноста. Повеќе детали за договорот не беа откриени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП