3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо 13 штрајкови пропаднаа преговорите во Луфтханза

По 13 штрајкови пропаднаа преговорите во Луфтханза

lufthansa pilotii

Синдикатот кој ги претставува пилотите во авио-компанијата „Луфтханза“ соопшти дека повеќемесечните преговори околу спорот на работниците и компанијата се завршени без резултат.

Синдикатот „Кокпит“ од април 2014-та до крајот на 2015-та година организираше 13 штрајкови пред судот да донесе одлука да се откаже штрајкот. Од почетокот на оваа година двете страни се обидуваат со преговори да најдат решение за спорот.

Преговорите за „одржливите перспективи за работа“ се завршени, соопшти синдикатот и ја обвини управата на „Луфтханза“ дека не е заинтересирана за пронаоѓање на решение.

Синдикатот не наведе дали размислува за можноста за нови штрајкови.

Спорот со работниците настана кога „Луфтханза“ донесе одлука за реструктуирање соочена со конкуренцијата од страна на авио-компаниите кои доаѓаат од земјите од Персискиот залив.

Пилотите бараат од компанијата да продолжи да обезбедува надоместок за оние кои ќе заминат во предвремена пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП