3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОд Deutsche Bank бараат 14 милијарди долари за запирање на истрагата

Од Deutsche Bank бараат 14 милијарди долари за запирање на истрагата

db 333

Американското Министерство за правда побара од „Deutsche Bank“ да плати 14 милијарди долари за да прекине истрагата за злоупотреба со продажбата на хипотекарни хартии од вредност, соопшти банката, цитирана од „ВВС“.

Од „Deutsche Bank“ се категорични дека немаат намера да се согласат за решавање на споровите поблиску до таа сума. Барањето кон банката, за кое преговорите најверојатно ќе продолжат и во следните месеци, ги надминува значително очекувањата. Цената на акциите на банката се намали за повеќе од 1,6%.

„Преговорите дури сега почнуваат. Банката очекува дека тие ќе доведат до резултат, сличен на оние на другите банки, кои постигнаа договор по пониски суми“, соопшти „Deutsche Bank“.

Продажбата на хипотекарни хартии од вредност одигра значајна улога за финансиската криза во 2008-ма година. Банките во САД беа подложени на голем број истраги во врска со тврдењата за обезбедување на хипотеки на луѓе кои не ги исполнуваат условите за доделување на кредит, а потоа претворањето на овие кредити во сигурни инвестиции и продажба на ризикот на други играчи.

Голем број банки постигнаа договор со американските власти во врска со незаконската продажба на хипотекарните хартии од вредност. „Morgan Stanley“, „Credit Suisse“, „HSBC“, „UBS“ платија за прекинување на истрагата. „Goldman Sachs“ постигна договор за сума од 5,1 милијарди долари во јануари оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП