3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer го купува Monsanto за 66 милијарди долари

Bayer го купува Monsanto за 66 милијарди долари

b monsanto 33

„Bayer“ дојде до договор за купување на „Monsanto“ откако американската компанија за семиња и пестициди ја прифати подобрената понуда на германскиот фармацевтски гигант од 128 долари за акција. Договорот во вредност од 66 милијарди долари беше објавен од двете компании.

Договорот става крај на неколкумесечните дискусии за купувањето, за време на кои „Bayer“ ја подобруваше неколку пати својата понуда. Според германската компанија последната понуда се одразува на премија од 44 проценти на цената на акциите на „Monsanto“ на 9-ти мај, денот пред „Bayer“ да ја упати првиот писмен предлог за купување.

„Bayer“ планира да обезбеди дел од финансирањето на договорот преку продажба на конвертибилни обврзници и нови акции во вредност од 19 милијарди долари. Компаниите очекуваат зделката да биде финализирана до крајот на годината, но според некои аналитичари тоа можеби нема да е толку лесно.

Аналитичарите на „Bernstein Research“ веруваат дека има само 50% шанси зделката да добие одобрување од регулаторите. Тие истакнуваат дека факторите како незадоволство меѓу фармерите против консолидацијата на нивните снабдувачи ќе создаде сериозни компликации.

„Сметаме дека политичкиот отпор против договорот ќе го усложни и забави процесот на финализирање“ напишаа тие во аналитичката белешка, цитирана од „Reuters“.

„Bayer“ се согласил да и плати 2 милијарди долари на „Monsanto“ во случај договорот да не биде финализиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП