3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIkea забележа раст на продажбата од 7,1%

Ikea забележа раст на продажбата од 7,1%

ikea 74

Најголемиот синџир продавници за мебел на глобално ниво – „Ikea Group“, забележа раст од 7,1% на годишните приходи од продажба делумно како резултат на растот во Кина.

Приходите пораснаа до 34,2 милијарди евра во 12-те месеци до крајот на август, објави во соопштението на компанијата. Исклучувајќи ги ефектите од девизните курсеви, приходите од продажбата расте за 7,9%. Продажбата од продавниците отворени пред барем година, од своја страна се зголемуваат за 4,8%.

„Кина останува еден од најбрзо растечките пазари за „Ikea Group“, заедно со Австралија, Канада и Полска. Германија ја задржува својата позиција на најголем пазар, следен од САД и со последователна нова година на рекорден раст. Проширувањето исто така продолжува според планот, така што очекуваме да ги отвориме своите први продавници во Индија и Србија следната година“, пишуваат од компанијата во пораката.

Со тоа „Ikea Group“ ги потврди плановите да отвори продавница Србија и покрај тоа што веќе има иста во главниот град на Бугарија, Софија. Друг важен чекор за компанијата ќе биде доаѓањето на еден од најбрзо растечките пазари во светот – Индија. И покрај најниското ниво на развој индиската економија расте брзо, а освен тоа е и една од најголемите во светот.

Целта на „Ikea Group“ е компанијата да реализира приходи од 50 милијарди евра до 2020-та година и затоа има намера да отвори нови продавници и да ја зголемува онлајн продажбата. Во моментов компанијата работи во 28 земји и има 340 продавници. За последните 12 месеци се отворени 12 нови продавници. Покрај тоа Концернот има 783 милиони посети на продавниците за последната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП