13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Electric купува 2 европски производители на 3D печатари

General Electric купува 2 европски производители на 3D печатари

General Electric Co. acknowledged on Thursday that a cut in its top-tier credit rating was possible, but its chief financial officer said there was no "time bomb" hidden in its hefty finance arm. The company's logo is still visible on a closed General Electric Co. facility in Lynn, Massachusetts March 6, 2009.    REUTERS/Brian Snyder    (UNITED STATES)

За купувањето на две европски компании кои работат во областа на 3D печатење – шведската „Arcam“ и германската „SLM Solutions“, соопшти американскиот индустриски конгломерат „General Electric“.

Вкупниот износ на трансакцијата ќе чини околу 1,4 милијарди долари. 3D печатењето се користи во индустријата за создавање на прототипи веќе над деценија. Имено во последните години, сепак технологијата почнува да добива широка распространетост. Особено, почнаа да се користат 3D притери за производство на забни коронки, за изработката на неголеми летала итн.

Од „General Electric“ соопштија дека ќе платат по 38 евра за акција на „SLM Solutions“, или вкупно 683 милиони евра, а се наведува дека „GE“ се договорил за купување на 31.5% од акциите на главните акционери на компанијата. „SLM“, произведува опрема за ласерско 3D печатење од метал, обезбедува својата продукција на воздухопловната индустрија, енергетскиот сектор, здравството и автомобилската индустрија.

Покрај тоа „General Electric“ нуди 285 шведски круни, или вкупно 5.86 милијарди круни (685 милиони долари) за акциите на „Arcam“ која ја има измислено технологијата за 3D печатење од метал преку електронски-„Ray“ процес. Меѓу клиентите на „Arcam“ се претставници на воздухопловната индустрија и здравството.

„Технологијата за 3D печатење, или адитивно производство, ќе им помогне на „General Electric“ да стане водечка дигитална индустриска компанија”, го коментира договорот генералниот директор на „GE“, Џеф Имелт.

Во „General Electric“ пресметале дека до 2020-та година новиот бизнис во областа на 3D печатењето ќе му донесе на конгломератот приход од 1 милијарда долари. Според проценките на аналитичката компанија „IDC“, во најскоро време светските трошоци за 3D печатење ќе се зголемат во просек за 27% годишно. Се очекува дека за опрема и сервисирање во 2019-та година ќе бидат потребни 26.7 милијарди долари, наспроти 1 милијарда долари во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП