КОМПАНИИ

IKEA отвора нова фабрика за мебел во Русија

ikea russija

„IKEA“ денеска ќе ја отвори најголемата фабрика за мебел во Русија, соопштува „ТАСС“. Вредноста на инвестицијата е 50 милиони евра.

Новата фабрика на шведската компанија е во Велики Новгород и производството ќе биде насочено главно за рускиот пазар. Во моментов над 50% од мебелот кој го продава „IKEA“ во Русија, се произведува во земјата. Од компанијата коментираат дека се стремат да го зголемуваат овој процент.

Капацитетот на новата фабрика е 7 милиони единици годишно – рамки за гардероби и кујни, како и иверица плочи (плочи од дрвни честички).

Новата фабрика е најголемата инвестиција на „IKEA“ во Русија досега. Компанијата има уште три производствени капацитети – во Московската област, Ленинградската област и во Корвската област, потсетува „ТАСС“.

Вкупниот обем на инвестициите на „IKEA“ во Русија изнесува 100 милијарди рубљи.

Компанијата работи во Русија од 1990-та година. Нејзината прва продавница сепак беше отворена дури во 2000-та година. Во сите единици на „IKEA“ во земјата работат кон 12.000 лица.