17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer понуди 65 милијарди долари за корпорацијата Monsanto

Bayer понуди 65 милијарди долари за корпорацијата Monsanto

monsanto bayer24

Германската фармацевтска компанија Bayer ја зголеми својата понуда за американската корпорација Monsanto на 65 милиони долари, односно 127,50 долари по акција во настојувањето да ја преземе контролата на глобалниот гигант на подрачјето на земјоделието и биотехниката.

Bayer соопшти дека е во напредната фаза на преговори со Monsanto, но гаранција дека договорот ќе биде склучен за сега нема. Понудата од 122 долари по акција, во мај годинава беше одбиена, а причината беше што понудата не била финансиски адекватна. Во јули беше одбиена и понудата од 125 долари по акција, за сегашната понуда да достигне сума од 127,50 долари по акција, што е и најголема која Monsanto некогаш ја добил.

Со спојувањето на Bayer и Monsantо би се создал најголемиот земјоделски снабдувач на светот, кој би бил лидер и на американскиот, и на европскиот, а и на азискиот пазар.

Monsanto пред сѐ е познат по генерички модифицираното семе за посев како пченка, соја, пченица и шеќерна трска. Таквото семе го критикуваат еколошките активисти.

Поголема понуда од Bayer дојде поради бранот здружувања во земјоделскиот сектор. Ривалите како компаниите Dow Chemical, DuPont и Syngenta најавија здружувања, но тоа сѐ уште не е одобрено од регулаторните тела.

Падот на цената на стоката произведе притисок врз компаниите како што е Monsanto, а фармерите ги намалауваат нарачките.

Меѓутоа, доколку Bayer го преземе Monsanto, американската конкуренција би имала причина за грижа, затоа што ова партнерство ќе има контрола над глобалниот пазар. Од друга страна, фармерите се загрижени дека може да дојде до раст на цените на семињата и пестицидите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП