23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Fitch“ го усогласи рејтингот на ПроКредит Банка со кредитниот рејтинг на Македонија

„Fitch“ го усогласи рејтингот на ПроКредит Банка со кредитниот рејтинг на Македонија

fitch-ratings

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг, “Fitch” на 19 август 2016 година го намали кредитниот рејтинг на државата Македонија на “ББ”, кое се должи на политичката криза во Македонија.

„Согласно тоа, рејтингот на ПроКредит Банка е усогласен единствено поради промените на рејтингот на Македонија. Ниедна институција не може да има повисок рејтинг од рејтингот на државата во која работи. Оценката не влијае на работењето на банката и ПроКредит продолжува да работи стабилно и сигурно. ПроКредит Банка Македонија има рејтинг уште од Ноември 2005, откога и Македонија како држава добива рејтинг“, се вели во соопштението од ПроКредит банка.

ПроКредит Банка е единствената банка во Македонија која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Фич и сѐ уште го има највисокиот рејтинг на банка во Македонија.

„Рејтингот е резултат на квалитетното кредитно портфолио, навремено обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП