3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoface: Топ 500 компании од централна и источна Европа

Coface: Топ 500 компании од централна и источна Европа

цофаце

Меѓународната бонитетна куќа „Coface“ ја објави осмата годишна листа со 500 најголеми компании во централна и источна Европа кои минатата година го зголемиле прометот за 4,2 проценти на речиси 593 милијарди евра и остварија раст на нето профитот за 26,9 милијарди евра (73,7 проценти).

Најголемите компании во централна и источна Европа, меѓу кои нема македонски, и понатака се важни работодавци во регионот. Од вкупната работна сила во регионот 4,3 проценти се вработени во компаниите во Top 500 CIE, што има позитивен ефект на стапката на невработеност, се наведува во извештајот.

Полска е најголемата економија во регионот и вкупно 167 нејзини компании се наоѓаат на листата, иако има за девет компании помалку отколку во 2014 година, Чешка има 71 компанија на листата, Унгарија 69, Романија 63, Словачка 45, Литванија 20, а Бугарија 17. Словенија има 15 компании на Топ 500 листата, Хрватска 13, Србија и Летонија по осум, а Естонија четири.

Развојот на листата 500 најдобри компании ги илустрира економските услови во претходната година, а таа беше доста успешна. На економиите им одговарал растот на домашната побарувачка поради растечката приватна потрошувачка, за што придонел и падот на невработеноста, како и растот на платите и зголемувањето на инвестициите во повеќето економии, изјави регионалнта директорка на „Coface“ Катарзина Комповска.

ТОП 500 компаниите од листата на Coface погледнете ги ТУКА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП