4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's ги „брка“ малите сопственици на франшиза за нејзините ресторани

McDonald’s ги „брка“ малите сопственици на франшиза за нејзините ресторани

mcdonalds svet4

Со години „McDonald`s“ беше позната со својата политика да бара мали компании кои ќе добијат франшиза за отворање на ресторан од синџирот, пишува „Bloomberg“. Често нејзините франшизери во САД управуваа со еден или два ресторана, со цел подобар квалитет на услугите.

Во последно време, сепак работите се менуваат и „McDonald`s“ веќе бара голели оператори. Брокерите коментираат дека компанијата дури ги охрабрува малите сопственици да го продадат својот бизнис.

Од 2014-та година примателите на франшиза да отворат ресторан од синџирот за брза храна се намалува за 2,6%, но во исто време бројот на рестораните расте со 1,2%. Тоа значи дека синџирите стануваат поголеми.

Во 2014-та година франшизерите со пет или помалку ресторани во САД биле 1.930, а денес нивниот број е веќе 1.842. Постои меѓутоа 12% раст на бројот на операторите кои имаат над 10 ресторани – тие се веќе 245, наспроти 218 во 2014-та година.

„Bloomberg“ наведува дека се откажуваат од помалите сопственици, за „McDonald`s“ полесно да може да спроведе нови технологии, како што се екраните осетливи на допир, преку кои корисниците сами ќе порачува храна. Сличен систем веќе се тестира во 250 ресторани во САД.

Слични иновации сепак чинат пари, а малите компании немаат доволно средства за да инвестираат во нив.

Обично малите оператори продаваат на поголемите, кои веќе управуваат неколку ресторани на „McDonald`s“, објасни портпаролот на компанијата. Тоа доведува до помалку, но пак посилни франшизери, подобри финансиски резултати и можности за инвестиции, додаваат оттаму.

Слична е политиката и на другите синџири за брза храна – во САД, „Burger King“, „Wendy`s“, „Subway“ и „Pizza Hut“ кои даваат дозвола за отворање на ресторан само на големите компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП