28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИChina Telecom објави полугодишна добивка која е над очекувањата

China Telecom објави полугодишна добивка која е над очекувањата

techina32

„China Telecom Corp.“ објави дека добивката за првите шест месеци од година е над очекувањата на аналитичарите, откако компанијата објави дека е зголемен бројот на клиенти на високо-брзинската безжична мрежа, пишува „Bloomberg“.

Нето добивката се зголемува до 11,7 милијарди јуани (1,8 милијарди долари) од 11 милијарди јуани пред една година. Резултатот ги надмина предвидувањата од 11,3 милијарди јуани од четворицата аналитичари ангажирани од страна на агенцијата.

Оперативните приходи се со 7,2% повеќе до 176,8 милијарди јуани.

„China Telecom“ регистрира речиси 32 милиони претплатници на 4G услугата во текот на првото полугодие.

techina33

Најголемиот интернет провајдер во земјата се потпира повеќе на обезбедување на безжични услуги, за да ја засени зголемената конкуренција од поголемиот конкурент кај мобилните апарати „China Mobile Ltd“.

Раководството на „China Telecom“ одлучи да не распределува средна дивиденда, за да задржи „адекватна флексибилност за финансирање“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП