19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer е блиску до купување на Medivation за 14 милијарди долари

Pfizer е блиску до купување на Medivation за 14 милијарди долари

pfizer 356353

„Pfizer Inc“ се наоѓа во напредни преговори за стекнување на американската фармацевтска компанија „Medivation Inc“, чија активност е насочена кон онколошки лекови, за близу 14 милијарди долари, откако купувачот сака да го прошири своето онколошко портфолио, коментираат за „Ројтерс“ запознаени лица.

„Pfizer“ има договорено цена малку над 80 долари за акција на „Medivation“ што е значајна премија во однос на предложените 52,50 долари за акција од француската „Sanofi SA“ во април. Акциите на „Medivation“ се затворија по цена од 67,16 долари за акција на берзата во Њујорк во петокот.

Минатата недела „Ројтерс“ објави дека „Pfizer“, „Sanofi“, „Merck & Co Inc“, „Celgene Corp“ и „Gilead Sciences Inc“ изразиле интерес за „Medivation“.

Силниот интерес кон компанијата со седиште во Сан Франциско илустрира како побарувачката на нови лекови за лекување на рак може да донесе милијарди долари приходи за компаниите кои поседуваат лекови.

Во овој момент „Pfizer“ води во наддавањето за „Medivation“ и трансакцијата може да биде прогласена дури во текот на денот, иако преговорите можат да пропаднат во последна минута, коментираат анонимните лица. Се очекува трансакцијата да биде платена во најголем дел преку парични средства.

Од „Pfizer“ и „Medivation“ одбиле да дадат коментар откако во неделата „Financial Times“ прв напиша за трансакцијата.

„Pfizer“, чие онколошко портфолио го вклучува лекот за рак на дојка „Ibrance“ и неколку други ветувачки производи, сега се обидува да добие пристап до успешниот лек на „Medivation“ за рак на простата „Xtandi“, како и „Talazoparib“ што е друг лек за рак на дојка.

Претходно оваа година „Medivation“ отфрли две понуди на „Sanofi“. Сепак во јули „Medivation“ се согласи да открие доверливи информации за потенцијални купувачи, откако „Sanofi“ се согласи да се откаже од својата кампања за ослободување од одборот на директори на „Medivation“.

При претставувањето на резултатите за вториот квартал во август „Medivation“ најави нов двоцифрен раст на продажбата на „Xtandi“, но и ги потврди и очекувањата на компанијата за раст од 50% во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП