20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОли Рен: Мора да се штеди, ММФ греши

Оли Рен: Мора да се штеди, ММФ греши

oli2

Комесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен, изјави дека земјите од ЕУ мораат да продолжат со намалувањето на буџетските дефицити ако сакаат да излезат од кризата.

ММФ од неодамна го ублажи ставот по прашањето за намалувањето на буџетските дефицити, оценувајќи дека пребрзото намалување на дефицитите може да биде контрапродуктивно за презадолжените држави како што е Грција.

Комесарот Рен, смета дека студијата на која е заснована најновата оценка на ММФ датира од октомври и во неа не се вклучени комплетните податоци, тој го предвидува фактот дека инвеститорите очекуваат од владата да го намали јавниот долг.

„Потребно е да го земете во предвид моментот на доверба“, изјави Рен во говорот во Брисел, додавајќи дека влијанието на мерките за штедење се разликува од држава до држава.

Ваквата оценка се чини дека ги отсликува разликите во ставовите на тројката, Европската комисија, ММФ и ЕЦБ, по прашањето за начините на остварување на економското заживување на земјите од еврозоната кои се во криза.

Пред Оли Рен, претседателот на ЕЦБ Марио Драги ја демантираше можноста за забавување на напорите за намалување на јавниот долг.

„Доколку веќе е постигнат така голем напредок благодарение на огромното жртвување, сега не би било добро да се вратите на ситуацијата која е оценета како неодржлива“, рече претседателот Драги, за време на редовната месечна конференција за новинарите во Франкфурт, седиштето на ЕЦБ.

Рен, пак, смета дека благодарение на превземените мерки, буџетските дефицити станаа повеќе подносливи, и дека државните долгови се поодржливи, но дека е потребно да се прават и понатамошни напори за да се намалат уште повеќе високите државни долгови.

„Што ќе се случеше ако Италија во ноември 2011 година се откажеше од своите буџетски политики?“, се запраша Рен.

Причината за зголемената задолженост на Италија пред крајот на мандатот на премиерот Силвио Берлускони, по мислењето на европскиот комесар, е непочитувањето на обврските на тогашната влада.

Комесарот ги наведе Франција и Шпанија како примери за презадолженост, но одби да даде свое мислење во поглед на доделувањето на дополнителни рокови на овие земји за намалување на дефицитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП