9 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаканата која ја крие „Турски поток“ за Азербејџан

Заканата која ја крие „Турски поток“ за Азербејџан

gas39

Пред една недела во Санкт Петербург се случи настан кој е во состојба да го промени значително енергетскиот пазар во Европа, пишува во својата анализа руското издание „ИноСМИ“. Станува збор за средбата меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

За време на разговорите двајцата се договорија за рестартирање на голем број проекти, меѓу кои се гасоводот „Турски поток“.

Сепак закана ли е „Турски поток“ за плановите на Азербејџан да испорачува природен гас во Европа? По гасоводот ќе потече руски гас првично кон Турција, а потоа и за Јужна Европа. Односно тоа е пазарот на кој се стреми и Азербејџан со спроведувањето на плановите за Јужниот гасен коридор.

Според анализите се уште е рано Баку да се грижи од руската конкуренција. Во прво време Јужниот гасен коридор го градат веќе „TANAP“ и „TAP“, имаат силен „благослов“ од Брисел. Уште од самиот почеток Европската комисија беше критички настроена кон „Јужен поток“, а расположението кон неговиот наследник – „Турски поток“, не се подобри.

Самиот Путин изјави дека Москва ќе има потреба од многу сериозни гаранции од ЕУ, пред да бидат спроведени какви било планови за испорака на гас – дали преку „Јужен поток“, дали преку „Турски поток“.

Рускиот министер за енергија Александар Новак ја елаборираше тезата на рускиот претседател и изјави по средбата во Санкт Петербург дека првата цевка на „Турски поток“ ќе биде изградена многу брзо – до 2019-та година. Во неа ќе биде испорачан руски гас наменет за турскиот пазар. Во втората цевка треба да пристигнува суровина, која Анкара ќе ја транзитира преку гасен центар на грчко-турската граница кон Европа. Новак е категоричен – за неа се уште е рано да се зборува.

Во енергетските средини „Јужен поток“, „Турски поток“ и „TAP“ се конкуренти – успехот на руските гасоводи го ставаат под сомнение европските шанси за азербејџанскиот гас, и обратно, пишува уште „ИноСМИ“. Според анализата сепак шансите се на страната на Баку, особено со оглед на желбата на ЕУ да ја намали зависноста од рускиот гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар