19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром со свои средства ќе го гради гасоводот Северен тек 2

Газпром со свои средства ќе го гради гасоводот Северен тек 2

severen3353

Руската гасна компанија Газпром најави дека со сопствени средства ќе го изгради новиот гасовод од Русија до Германија, во вредност од 11 милијарди долари.

Оваа одлука е донесена откако под притисок на Полска, дојде до распад на мешовитата компанија која требаше да го гради овој гасовод, пишува Financial times.

Газпром соопшти дека конзорциумот што го прават компаниите Engie, OMV, Wintershall, Shell и Uniper, одлучил да го повлече барањето за формирање на мешовито претпријатие во Полска, кое би било задолжено за изградба на Северен тек 2.

Од тие причини, компанијата Северен тек 2 АГ, во 100% сопственост на Газпром, одлучи самостојно да го реализира овој проект, пишува лондонскиот финансиски весник.

„Сите подносители на барањето веруваат дека овој проект е клучен за европскиот енергетски систем и секој од нив одделно ќе ги разгледува алтернативните можности за учество во овој проект, соопштија од Газпром.

Полската канцеларија за заштита на конкуренцијата и потрошувачите минатиот месец не го одобри основањето на мешовито претпријатие кое би го сочинувале шест компании задолжени за изградба и работа на гасоводот Северен тек 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП