2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолема донација на Млекара АД Битола за помош на погодените од катастрофалното...

Голема донација на Млекара АД Битола за помош на погодените од катастрофалното невреме во Скопје

Donacija Bimilk (1)

Млекара АД Битола донира еден шлепер со Битолско трајно млеко и 4.000 кг. Битолско овчо сирење за поддршка на населението погодено од поплавите кои го зафатија Скопје.

Donacija Bimilk (2)
Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, преку заедничко планирање и дефинирање на потребите на населението во најпогодените населби, донацијата од Бимилк ќе се дистрибуира до оние на кои им е најпотребна.

Donacija Bimilk (4)
„Ова се навистина тешки моменти, особено за оние граѓани кои директно беа погодени од поплавите во Скопје. Сочувствуваме со сите оние кои загубија свои блиски. Мора сите да се мобилизираме и активираме за да помогнеме на луѓето чии домови се уништени и им се одземени основните услови за живот. Само со заеднички напори можеме да ги пребродиме овие исклучително тешки времиња, кои искрено се надеваме нема да се повторат.“ – изјави Полексена Ристеска, Маркетинг менаџер во Бимилк.

Donacija Bimilk (5)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП