8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCisco ќе отпушти 14 илјади вработени?

Cisco ќе отпушти 14 илјади вработени?

cisco m38

„Cisco Systems“ ќе скрати околу 14.000 работни места, што претставува речиси 20% од светската работна сила на производителот на мрежна опрема, откриваат извори блиски до компанијата, цитирани од „Ројтерс“.

Компанијата со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, се очекува да ги објави отпуштањата во следните неколку недели, дополнуваат изворите. Ова се случува во услови на нејзините напори да се насочи од хардверските корени кон трансформирање во организација фокусирана на софтверот.

Покрај „Cisco“ две други големи софтверски компании – „Microsoft“ и „HP Inc.“, исто така, соопштија дека ќе ги намалат работните места во оваа година.

Во јули „Microsoft“ откри дека во следните 12 месеци ќе отстрани 2.850 позиции, со што ги направи вкупно планираните намалувања од 4.700 лица, или околу 4% од нејзината работна сила.

Во февруари „HP Inc.“ најави дека ќе отпушти 3.000 работници до крајот на 2016-та година.

„Cisco“, која имаше повеќе од 70.000 службеници кон 30-ти април оваа година, одбива да даде коментар во врска со прашањето.

Компанијата инвестира во нови производи, како софтверот за анализа на податоци и базирани во облак услугите, се со цел за да се справи со доцнењето на исплати од телекомите и компаниите во рамките на нејзиниот основен бизнис за производство на прекинувачи и рутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП