6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПри независност на Шкотска, RBS ќе го премести своето седиште

При независност на Шкотска, RBS ќе го премести своето седиште

rbs44

Во случај на одвојување на Шкотска од Велика Британија, „Royal Bank of Scotland“ со централа во Единбург ќе го премести своето седиште на друго место.

Банката би била премногу голема само за шкотската економија, изјави главниот извршен директор Рос МекЕвен во интервју за „BBC“.

Уште пред две години „RBS“ најави дека во случај на прогласување независност на Шкотска банката ќе се пресели во Лондон. Бидејќи поголемиот дел од Шкотите гласаа против на крајот на јуни за излегување на Британија од ЕУ, за разлика од Англичаните, дебатата за независност се разгоре повторно.

Пред речиси две години во референдум околу 55% ​​од Шкотите гласаа за останување во Велика Британија. При гласањето за „Brexit“ на 23-ти јуни повеќето од нив беа за заедничка иднина со ЕУ.

Како и кај претходното разгледување на идеите за преместување на седиштето на „RBS“ на друго место, МекЕвен истакна дека станува збор пред се за правно преместување. Затоа според него никој не смее да се стравува дека во Шкотска ќе бидат затворени многу работни места.

„RBS“ има околу 11.000 вработени, а од нејзиното основање во 1727-та година седиштето и е во Шкотска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП