7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеструктуирањето во Toshiba дава резултати

Реструктуирањето во Toshiba дава резултати

toshiba 3553

Благодарение на сериозните мерки за преструктуирање јапонската компанија за електроника „Toshiba“ оствари профит за прв пат по шест квартали.

Во периодот меѓу април и јуни концернот, кој беше погоден од сметководствен скандал за неколку милијарди долари, постигна оперативен профит за околу 177 милиони евра (20,1 милијарди јени) во однос загубата од 57 милиони евра пред една година, пренесува „Ројтерс“.

За фискалната година која ќе заврши во март 2017-та, „Toshiba“ продолжува да очекува добивка од околу 1,1 милијарди евра. Акциите ја завршија сесијата со раст од 3,8%.

Минатата година конгломератот забележа загуба од 6,24 милијарди евра. Причината е поврзана со сметководствените скандали и интриги. Во април 2015-та година „Toshiba“ го започна процесот на преструктуирање, 14 илјади работни места беа скратени, одделот за полупроводници ќе се затвори, а некои дивизии ќе бидат продадени.

Остатокот, денес компанија се фокусира главно на производството на чипови, нуклеарни реактори и инфраструктурен бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП