26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкови ќе го попречат железничкото движењето под Ла Манш

Штрајкови ќе го попречат железничкото движењето под Ла Манш

Eurostar-e320-train-leaves-the-Channel-Tunnel

Патниците на експресениот воз „Eurostar“, кој ги поврзува Велика Британија и Франција под Ла Манш, треба да очекуваат нов бран на штрајкови во август. Британскиот синдикат „RMT“ во средата објави дека вработените во железницата ќе штрајкуваат вкупно седум дена во август поради работен спор за рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот.

Засегнати се возовите од викендот што следи – од 23:01 часот по Гринич на 12-ти август  до 22:59 часот по Гринич на 15-ти август, како и на 27-ми август од 23:01 часот по Гринич до 22:59 часот по Гринич на 29-ти август.

Операторот на возовите „Eurostar“ во кој мнозински удел држи француската железничка компанија „SNCF“, објави дека не се очекуваат дополнителни тешкотии. Евентуално нема да патуваат еден или два воза, но патниците може да го прилагодат своето патување во останатите периоди.

Според синдикатот работниот спор е поврзан со непочитувањето на договорот од 2008-ма година, што треба да обезбеди добар баланс помеѓу работата и приватниот живот на возачите на возовите, особено во однос на ноќните часови на работа и распоредот на дежурства. 95% од членовите на синдикатот го поддржаа штрајкот.

Брзите возови патуваат во тунел под теснецот и го поврзуваат Лондон со Париз и Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП