20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорите во Apple најплатени во Америка

Директорите во Apple најплатени во Америка

Apple-Money-Logo2

Четири од петте најплатени извршни директори во Америка во минатата година беа од редовите на „Apple“, а ова се должи поради тоа што со големите плати компанијата сакаше да го заддржи комплетното раководство во фирмата по смртта на лидерот Стив Џобс.

Тим Кук имаше релативно скромна плата, но затоа пак шефот за производство на инженерски софтвер, Боб Менсфилд заработи 85.5 милиони долари што го зацврсти на второто место на листата на директори на јавни компании во Америка. Менсфилд требаше во јуни да се пензионира, но реши да остане во компанијата откако му ја предложија оваа фантастична понуда.

Од него минатата година поголема плата имаше само Лери Елисон, основачот и извршен директор на информатичкиот гигант „Oracle“ кој во 2012-та година заработи 96.2 милиони долари.

Адвокатот на „Apple“, Брус Сјуел кој го доби судскиот спорт против „Samsung“ поради крадење на патенти лани заработи 69 милиони долари и со тоа се најде на третото место.

Џефри Вилијамс кој е еден од директорите во „Apple“, како и финансискиот директор во компанијата, Питер Опенхајмер во 2012-та година на своето конто прокнижија по 68.7 милиони долари со што се пласирааа на четвртото и петото место.

Сите се платени од нивниот извршен директор Тим Кук кој минатата година заработи „скромни“ 4.2 милиони долари, иако во 2011-та година заработи скоро 380 милиони долари и таа година беше најплатен раководител во САД.

Овие податоци беа претставени во рамките на регулаторните поднесоци на компанијата. Од „Apple“ не пристигна ниеден коментар за висината на платите, но во поднесокот беше нагласено дека висините на платите кои се наведени се со цел за да го заддржат комплетнитот тим.

Оваа стратегија на „Apple“ изгледа имаше смисла, бидејќи покрај големата конкуренција во IT индустријата и технолошкиот сектори, од „Apple“ единствено си замина директорот за малопродажба Рон Џонсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП