3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE ја намали загубата во вториот квартал

RWE ја намали загубата во вториот квартал

RWE_WEM-MON_001

Загубата во вториот квартал на германскиот енергетски концерн „RWE“ се намалила за 22% по подобро претставување на бизнисот со електроцентрали, намалувањето на трошоците и еднократното намалување на даночните трошоци, соопштува „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Есен ја намалила коригираната нето загуба до 259 милиони евра во трите месеци до крајот на јуни, покажуваат пресметките на „Bloomberg“ врз базата на податоци за првиот квартал и првото полугодие. „RWE“ ја потврди прогнозата за приспособениот нето профит во опсег помеѓу 500 до 700 милиони евра за оваа година.

Најголемиот германски енергетски производител е под притисок од влијанието за пренасочување на земјата од нуклеарна енергија кон енергијата генерирана ветер и сонце, политика, која помогна да се урнат цените на електричната енергија до најниско ниво по повеќе од една деценија и додаде милијарди кон трошоците за оштета за комуналните услуги во земјата.

Како одговор „RWE“ ги обединува обновливите извори, електричната мрежа и продажбата на мало во посебна компанија – „Innogy“ од која ќе продаде дел од најмалку 10% во текот на оваа година.

Бизнисот на компанијата во областа на конвенционалната енергија е со учинок на оперативен профит од 36 милиони евра во вториот квартал во однос на загубата од 151 милиони евра пред една година, покажуваат пресметките на „Bloomberg“.

Приспособената нето добивка порасна до 598 милиони евра во шесте месеци до крајот на јуни, што е под просечната оценка на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“ за 640 милиони евра.

„RWE“ скрати речиси 500 работни места во првата половина од годината. Компанијата доби од пониската даночна стапка поврзана со реорганизацијата на групацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП