9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАД Европа Скопје со намалена добивка за првото полугодие

АД Европа Скопје со намалена добивка за првото полугодие

evr

Од 01.01-30.06 2016 година Друштвото АД Европа Скопје оствари вкупни приходи во износ од 338.707.804 денари кои се помали за 2% во однос на истите од претходната година. Оперативните приходи за шесте месеци се намалени за 5% и изнесуваат 337.348.480 денари.

Расходите за шесте месеци зголемени се за 1% во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 332.615.484 денари. Поголемиот пораст на расходите за еден индексен поен и намалувањето на приходите за 2% допринесе добивката да се намали за 62%. На зголемувањето на трошоците посебно влијание имаше зголемениот физички обем на производството и порастот на цените на основните наши суровини(шеќерот, какао суровините и зрнестите суровини).

Добивката пред оданочување за шесте месеци од оваа година изнесува 6.092.320 денари а минатата година за тој исти период изнесуваше 15.849.404 денари.

ti

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП