6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаработката на челниците на британски компании зголемена за 10 отсто

Заработката на челниците на британски компании зголемена за 10 отсто

funti355

Челниците на најголемите британски компании минатата година заработиле просечно 5,5 милиони британски фунти, десет отсто повеќе од 2014 година.

Со тоа, дополнително е зголемена и онака огромната разлика меѓу нивните плати и платата на просечниот Британец.

Според податоците на фирмата High Pay Centre, просечната вредност на платите на челниците на компаниите од составот на британскиот берзански FTSE 100 индекс изнесувала минатата година нешто помалку од четири милиони фунти, што е 144 пати повеќе од просечната плата на просечен Британец, која во истиот период изнесувала 27,6 илјади фунти.

Резултатите на редовниот извештај на High Pay Centre се објавени само неколку недели откако новиот британски премиер Тереза Меј предложи да се намалат екстремните плати на членовите на управите на компаниите, како и одлуките на акционерите за платите на директорите да бидат обврзувачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП