1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИкеа ќе произведува велосипеди

Икеа ќе произведува велосипеди

ike

Во продавниците на Икеа ширум Европа од август ќе се најде во продажба и SLADDA велосипедот, прв велосипед на овој трговски гигант.

Велосипедот што е осмислен во унисекс варијанта го потпишуваат дизајнерите Оскар Јухлин, Жан Пуранен и Кристијан Еке, наменет е за возрасни и деца постари од 12 години, а доаѓа во бела боја, препознатлив минималистички дизајн и без стандарден ланец.

SLADDA, што во превод на шведски значи “да лизга“, е наменет за урбано возење, а покрај алуминиумската рамка доаѓа и гаранција од дури 25 години. Веќе го освои Red Dot Design, а може да се прилагоди на сопствените потреби со купување на кошница или мини приколка.

Во земјите во кои веќе се продава, цената се движи од 499 евра за членовите на Ikea Family  програмата на верност, до 750 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП