7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes започна со производството на кабриолетот C Сlasѕ

Mercedes започна со производството на кабриолетот C Сlasѕ

mepro 000

Aвтомобилот имаше светска премиера во почетокот на март, на саемот во Женева, а во Германија ќе се продава по цена од 42.215 eвра.

Првиот примерок на „Mercedes C Сlasѕ Сabrio“ слезе од производната лента од погонот во Бремен, со што официјално стартуваше производството на ова возило.

mepro 001

Моделот кој на пазарот ќе им конкурира на премиум кабриолетите, како „BMW Serieѕ 4“, е заснован на купето „C Сlasѕ“. Практично, единствена голема разлика меѓу купето и кабриолетот на овој производител е подвижниот платнен покрив.

Материјалот од кој е изработен платнениот покрив ќе биде достапен во четири нијанси. Тој се подигнува/спушта со притискање на копче, а секоја од овие операции трае по 20-тина секунди и тоа може да се оствари и при возење од брзина до 50 km/h.

mepro 002

„Mercedes“ автомобилот го опреми со 18-инчни алуминиумски бандажи и стандарден систем за греење во пределот на вратата (Airscarf) , со цел корисникот да се чувствува пријатно во возењето со спуштен покрив во текот на целата година. Покрај тоа, достапна е и опција за греење на кожните седишта.

Купувачите во Европа ќе можат да сметаат на шест бензински и две дизел опции. Основниот бензински модел, „C180“ ќе биде од 1.6-литарски мотор со 156 ks, додека во врвната понуда ќе се најде „C43 AMG 4Matic“ со 3.0-литарска „bi-turbo V6“ единица која произведува 367 ks.

mepro 003

На почеток на продажбата ќе бидат и два 2.2-литарски четирицилиндарски дизели, послаба со 170 ks, која го придвижува „Mercedes C220d“, и помоќниот со 204 ks кој ќе биде вграден во C250d.

Инаку, покрај кабриолетот, во фабрикат ана „Mercedes“ во Бремен се изработуваат и „C Сlasѕ“, SUV модел, „GLC“, како и купе и кабриолет верзии од претходната генерација на „E Сlasѕ“.

mepro 004

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП