7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Pfizer ги надмина очекувањата благодарение на иновативните лекови

Профитот на Pfizer ги надмина очекувањата благодарение на иновативните лекови

pfizer33

Американскиот фармацевтски концерн „Pfizer“ забележа подобри од очекуваните резултати во вториот квартал на годината благодарение на растот на приходите од новите производни линии, пренесе „MarketWatch“.

Во април „Pfizer“ и „Allergan“ го прекинаа планираното спојување за 150 милијарди долари. Договорот пропадна, откако американското Министерство за финансии ги објави правила кои би ја намалиле даночната корист од договорот.

Акциите на „Pfizer“ поевтинија за 0,7% во берзанската трговија. Резултатите ги надминуваат очекувањата на аналитичарите, а компанијата ја потврди прогнозата за годината.

Лековите „Ibrance“ за лекување на рак на дојка, „Lyrica“ за невролошки заболувања и „Champix“ за откажување на цигарите, помогнаа за зголемување на приходите во сегментот на иновативни производи со 7,2%.

Во септември „Pfizer“ ја купи „Hospira Inc.“ во договор вреден 16 милијарди долари, со што стана компанијата лидер во проширување на пазарот на пониски цени на инаку скапите биотехнолошки лекови.

Приходите пораснаа за 16%, но ако се исклучи стекнувањето на „Hospira“, тие се намалуваат за 6,1%, бидејќи многу од наметнатите лекови на компанијата остварија пад во продажбата.

Трошоците за истражување и развој на лекови се зголемуваат за 0,8% во кварталот.

Генерално „Pfizer“ предвиде профит од 2,02 милијарди долари, или 33 центи по акција, во споредба со 2,63 милијарди долари, или 42 центи по акција, една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП