3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony изненади со профитот

Sony изненади со профитот

Sony-and

„Sony“ забележа нето добивка од 21,2 милијарди јени (206 милиони долари) за време на првото фискално тромесечје, благодарение на силната продажба на конзолата „PlayStation 4“.

Добивката за кварталот од април до јуни беше изненадување, бидејќи аналитичарите очекуваа загуба во износ од 33,5 милијарди јени според податоци на „Quick“. Причината за пониската прогноза беше послабата продажба на сензорите за слики и еднократните трошоци поврзани со неодамнешните земјотреси во Кумамото, каде што се наоѓа најголемата фабрика за таков тип сензори на „Sony“.

„Sony“ забележа 82,4 милијарди јени добивка за истиот период од минатата година, кога компанијата забележа раст на резултатите поврзани со еднократните активности. Така на пример нејзините приходи скокнаа поради продажба на дел од акциите во „Olympus“.

Истовремено „Sony“ ја ревидираше прогнозата за резултати за фискалната година во врска со негативното влијание на земјотресите во Кумамото. Сега таа очекува нето добивка во износ од 80 милијарди јени за фискалната година, што е под предвидените 115 милијарди јени кои таа ги прогласи во мај.

Пред извесно време од „Sony“ соопштија дека очекуваат бизнисот со сензори за слики, кои се користат главно во камерите, да остане слаб во првата половина на тековната фискална година поради слабата побарувачка од „еден од главните клиенти“. Сепак компанијата очекува бизнисот да се врати, како што се зголемуваа напорите за промовирање на продажбата во Кина и Јужна Кореја.

Бизнисот на „Sony“ со „PlayStation“ останува стабилен. Од компанијата истакнаа дека тој ќе остане нејзина водечка сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП