4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft укинува уште 2.850 работни места

Microsoft укинува уште 2.850 работни места

microsoft-headquarters-070712

Компанијата Microsoft најави укинување на дополнителни 2.850 работни места во идните 12 месеци, со што вкупниот број работни места кои планира да ги укине достигна 4.700 или 4 отсто од вкупно вработените во овој технолошки гигант.

Компанијата Microsoft во мај најави укинување на 1.850 работни места во одделот за паметни телефони, повеќето во Финска. Microsoft во 2014 година го купи финскиот производител Nokia во обидот да им конкурира на Apple и Samsung.

Извршниот директор Сатја Надела, кој го презема раководството на компанија, само два месеца по склучувањето на зделката со Nоkia, и оттогаш е концентриран на реструктуирање на работата поврзана со мобилните телефони. Microsoft на крајот од јуни 114.000 постојано вработени.

Пред една седмица Microsoft објави дека во вториот годинешен квартал остварил добивка од 3,1 милијарди долари, додека во истиот период минатата година забележал загуба од 3,2 милијарди долари, главно поради 7 милијарди долари вредниот отпис на имотот поврзан со претходното купување на мобилната телефонија на финска Nokia.

Малку поголемата добивка отколку што очекуваа аналитичарите, доаѓа благодарејќи на растот на приходите од одделот „клауд компјутинг“ под називот Azure.

Но додека зајакнува „клауд“ работењето, работите на Microsoft во врска со хардверот биле во изминатиот квартал слаби. Приходите на одделот за уреди паднале за 35 отсто, главно по 70-процентниот пад во продажбата на мобилните телефони. Работењето во сегментот таблети и хибридни преносни уреди, успеале, пак, да остварат раст од 9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП