2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Commerzbank се топи

Профитот на Commerzbank се топи

comerc3

Во вториот квартал од годината нето добивка на германската банка „Commerzbank“ се намали со речиси една третина во однос на истиот период од минатата година или до 209 милиони евра, објави банката во Франкфурт.

Оперативната добивка на втората најголема германска банка по пазарна капитализација опаѓа за 18% до 351 милиони евра на годишна основа, додека аналитичарите очекуваа скромно намалување. Важна причина за слабиот резултат се историски ниските каматни стапки, кои влијаат се посилно во негативен аспект врз резултатите на банките. Континуираниот немир на пазарите на капитал, исто така, влијае на резултатите, појаснуваат од финансиската институција.

Значително опаѓа и соодносот на капиталот. Во минатите три месеци тој се намалува за 0,5 процентни поени до 11,5 отсто. Банката го објаснува тоа од една страна со построгите правила при пресметување на ризиците во секојдневниот бизнис, а од друга – со зголемување на обврските во однос на пензиските исплати на вработените во предвид на ниските камати. Повисоките ризици во однос на италијанските обврзници исто оставиле траги во резултатите.

До 2019-та година „Commerzbank“ е обврзана да одржува сооднос на сопствен капитал од 11,75%. Компанијата потврди сега дека размислува поради несигурната пазарна средина, а во моментов тој сооднос може да варира во голема мера.

Банката потврди дека ќе исплати дивиденда од 20 центи по акција – првата од 2007-ма година.

Главниот извршен директор на „Commerzbank“, Мартин Блесинг ќе се повлече од функцијата во октомври, бидејќи тогаш му истекува договорот. Блесинг, еден од ретките европски банкарски директори кои ги задржаа своите позиции по почетокот на кризата, го пренасочи фокусот на заемодавачот кон средните компании и банкарство на мало, заедно со инвестициската единица и полската гранка „MBank“.

Тој и помогна на банката да се реструктуира, откако доверителот доби 18,2 милијарди евра од германските даночни обврзници поради глобалната финансиска криза. До денес износот не е целосно издолжен, а државата е најголем акционер со удел од 15%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП