8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAberdeen Asset Management објави нето одлив од 8,9 милијарди фунти

Aberdeen Asset Management објави нето одлив од 8,9 милијарди фунти

aberdin asset

Британското управувачко друштво „Aberdeen Asset Management Plc“ пријави нето одлив во износ од 8,9 милијарди фунти (11,7 милијарди долари), откако се влоши расположението на инвеститорите кон инвестициите во недвижнини и акции, пишува „Bloomberg“.

„Aberdeen“ оствари нето одлив од 1,5 милијарди фунти од фондовите за имот и 2,9 милијарди фунти од фондови за акции во вториот квартал во однос на првиот. Вкупните средства од управување се зголемуваат до 301,4 милијарди фунти од 292,8 милијарди фунти, откако растот на цените на активата ја засени големината на одливот.

„Aberdeen“ беше меѓу операторите на седум британски фондови за имот, владеејќи заедно со средства од близу 18 милијарди фунти кои го замрзнаа повлекување претходно во овој месец, за да го задржат нивото на паричните средства и да спречат панични распродажби.

Оттогаш Фондот проработи, а попустот за повлекувања беше намалена до 7%, откако инвеститорите се откажаа од желбите за добивање на парите и продажба на имот.

„Постојат голем број на неизвесности, вклучувајќи ја формата на идната британска врска со ЕУ, што може да ја поткопа пазарната доверба. Остануваме добро позиционирани за да извлечеме предности, во име на нашите клиенти од секоја слабост и ќе продолжиме да се фокусираме на темелите, наместо да бидеме оттргнувани од уделот.“, коментира извршниот директор Мартин Гилберт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП