4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како ќе влијае глобалното затоплување на светската економија?

График на денот: Како ќе влијае глобалното затоплување на светската економија?

zatopluvanje 777

Во светот станува многу жешко, а тоа може да ја чини глобалната економија 2 илјади милијарди долари до 2030-та година, коментира „Quartz“.

Ново истражување покажува дека зголемените температури ќе ги попречат вработените во извршување на нивната работа, особено во најсиромашните економии во светот. Ситуацијата е најлоша за оние кои работат во професии кои се најнископлатени и најмногу изложени на жега, на пример во градежништвото и земјоделството.

Истражувачите, предводени од Торд Киелстром од „Health and Environment International Trust“ во Нов Зеланд, подготви прогноза за загубите во БДП-то поради високата температура за 43 земји, користејќи податоци за животната средина и компјутерски модели.

Индија и Кина може да изгубат по 450 милијарди долари од производството до 2030-та година, па бруто домашниот производ на Кина ќе се намали за 1%, а на Индонезија – со 6% до 2030-та година.

zatopluvanje 778

Економиите на побогатите земји, како што се Јапонија и Велика Британија, нема да биде под влијание на високата температура, а единствено САД ќе земе скромен пад од 0,2% на БДП. Русија, Норвешка и Шведска исто така може да забележат слабо намалување на продуктивноста како резултат на студеното време во текот на зимата.

Азија и Африка ќе страдаат најмногу, вели Киелстром за „Bloomberg“. Во Југоисточна Азија годишните работни часови веќе се намалени за 15-20% поради позициите изложени на жега. Овој број може да се зголеми до 2050-та година, додека глобалното затоплување продолжува. Во Малезија, на пример, работата обично се забавува или запира во најжешките моменти во текот на денот или годината.

Земјите со ниски и средни приходи поверојатно е дека ќе изгубат од производството поради жегата, иако нивниот „придонес“ за климатските промени преку загадување со штетни гасови е мал, се вели во извештајот.

Промената на работните планови со цел надминување на жегата, заедно со пошироката употреба на климатизери, може да ги направи луѓето помалку издржливи на жега, предупредуваат истражувачите. Тоа, од своја страна, ги зголемува трошоците поврзани со висок стрес.

field_workers

Стресот од жештина најверојатно ќе ги ограничи и нископлатените и ниско квалификуваните позиции како тешката работа, земјоделство и производство. Ова ќе го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните. Барањето на климатизери во канцелариите, трговските центри и живеалиштата најверојатно ќе се зголеми поради затоплувањето, кое ќе изврши притисок врз енергетиката, се наведува во извештајот. За секое покачување на температурата со 1 степен за град како Бангкок, на пример, ќе има потреба од дополнителни 2000 MW, што е приближно производството на една голема електрана.

Во 2015-та година околу 190 земји се согласија да го одржуваат покачувањето на просечната глобална температура „доста под“ 2 степени Целзиусови, наспроти нивото од пред индустриската ера и да ги „продолжат напорите“ за зачувување дури под 1,5 степени. Големи земји како Кина се уште не го ратификувале договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП