15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВорен Бафет купува осигурителна компанија за 2,7 милијарди долари?

Ворен Бафет купува осигурителна компанија за 2,7 милијарди долари?

Berkshire-Hathaway-Inc.

„Berkshire Hathaway Inc.“ постигнала договор за купување на „Medical Liability Mutual Insurance Co.“ (MLMIC), со што ја потврдува лидерската позиција на својот претседател Ворен Бафет во бизнисот со осигурување на лекари против тужби.

„MLMIC“ е најголемата компанија во Њујорк која нуди професионално осигурување на вработени од здравствениот сектор. Вредноста на средствата и минус обврските изнесува 1,8 милијарди долари на 31-ви декември 2016-та година.

Договорот се очекува да биде финализиран во третиот квартал на 2017-та година, откако претходно ќе биде предмет на одобрување од регулаторните органи и органите за заштита на потрошувачите, информира „Bloomberg“.

„MLMIC“ е компанија скапоцен камен, која во текот на повеќе од 40 година брани лекари, вработени на средно ниво, болници и стоматолози, како ниедна друга. За добрите работи вреди да се чека“, се вели во соопштението на Бафет.

Осигурувањето одамна е во основа на бизнисот на „Berkshire“, бидејќи генерира готовински текови кои Бафет може да ги ре-инвестира пред да плаќа осигурителни побарувања. Компанијата се потпира на своите огромни поделби, како автомобилскиот осигурител „Geico“ и „Gen Re“, но Бафет периодично купува и компании од други пазари. Во 2005-та година „Berkshire“ ја купи „Medical Protective Co.“, која има вековна историја. Истата оваа компанија во 2011-та година склучи договор за купување на „Princeton Insurance Co.“ од „MLMIC“, за да се прошири во Њу Џерси.

Вредноста на зделката за „MLMIC“ може да достигне 2,7 милијарди долари, според аналитичарите од „KBW“. „Berkshire“ е најголемиот играч во САД при осигурување на вработени од медицинската сфера во САД. Во овој сегмент таа се натпреварува со компании како „The Doctors Co.“, „CNA Financial Corp“ и „American International Group Inc“.

Компанијата на Бафет ќе контролира над 15% од пазарот, ако биде остварен договорот за „MLMIC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП