26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШевченко селектор на Украина

Шевченко селектор на Украина

shevchenko

Легендарниот украински напаѓач Андриј Шевченко (39), во петокот е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Украина.

Шевченко на функцијата го наследи Михаил Фоменко, кој поднесе оставка поради лошиот резултат кој го оставри со репрезентацијата на ЕУРО 2016. Украина е единствената репрезентација која на ЕП го загуби сите три натпревара и која не постигна гол.

Шевченко професионалната кариера ја заврши по ЕУРО 2012 година. Играчката кариера ја мина во Динамо Киев, Милан и Челзи, а за националниот тим настапил на 111 натпревари на кои постигнал 48 голови.

Во 2004 година ја освои „Златната топка“, а во 2005 година „Златната копачка“.

Украина во квалификациите за Светското првенство во 2018 година се наоѓа во И групата заедно со Хрватска, Исланд, Финска, Турција и Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП