21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалената побарувачка во Европа и Азија го „стопи“ профитот на Swatch во...

Намалената побарувачка во Европа и Азија го „стопи“ профитот на Swatch во првото полугодие

SwatchBurri_LRG

Профитот на Swatch Group AG се „стопи“ што е најголем пад од најмалку 15 години, откако побарувачката на часовниците на компанијата во Хонг Конг, Франција и Швајцарија се намали значително, пренесува „Bloomberg“.

Продажбата бележи пад од близу 12%, информира компанијата со седиште во Бијело, Швајцарија, производител на часовници од марките „Omega“ и „Tissot“. Аналитичарите очекуваа 22% пад на нето добивката и 7% намалување на приходите.

По информацијата за време на раната трговија на берзата во Цирих акциите на „Swatch“ поевтинија нагло за 14%.

Слабата побарувачка се шири од Хонгконг до некои клучни пазари во Европа, меѓу кои Франција и Швајцарија. Продажбата во луксузниот сегмент во Франција се забават поради помалиот прилив на туристи по терористичките напади во ноември и во позадина на последниот чин во Ница.

Според „Swatch“ задржувањето на стратегијата за зачувување на бројот на вработени, инвестициите и маркетингот го изостри падот на профитот. За разлика од „Richemont“ кој скрати околу 100 лица во „Cartier“, „Vacheron Constantin“ и „Piaget“, „Swatch“ избегнува масовни отпуштања на вработени.

Намалувањето на фиксните трошоци кај часовниците е потешко во повеќето индустрии, бидејќи изнаоѓањето обучени занаетчии е тешко. Главниот извршен директор Ник Хајек коментира дека сака да ги избегне отпуштањата, бидејќи ќе има потреба од вработени, кога пазарот ќе се подобри.

Брендот „Tissot“ можеби е најдобро засегнат, бидејќи е во истиот ценовен сегмент, кој се натпреварува директно со паметните часовници на „Apple“, коментира аналитичарот Рене Вебер од „Bank Vontobel“.

Единствената светла точка е Кина, каде за „Swatch“ пазарот се развива позитивно.

На овој регион извозот на швајцарски часовници се намалува 11 последователни месеци. Во првите пет месеци од 2016-та година извозот е надолу со 9,5%.

„Swatch“ ќе ги објави конечните финансиски резултати за првото полугодие до 21-ви јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП