2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus го надмина Boeing по склучени договори на авиошоуто во Фарнбороу

Airbus го надмина Boeing по склучени договори на авиошоуто во Фарнбороу

plane

Европската компанија „Airbus“ објави склучени авионски трансакции за 35 милијарди долари од авиошуото во Фарнбороу, Англија, оваа недела, со што го надмина американскиот конкурент „Boeing“, заработувајќи договори во вредност од 26,8 милијарди долари, соопштува „MarketWatch“.

„Airbus“ и „Boeing“ водеа жестока битка на авиошоуто што се организира на секои две години во близина на главниот град Лондон.

Европскиот производител на авиони го заврши настанот со 380 нето нарачки за годината, надминувајќи го „Boeing“ кој во принцип досега водеше во нарачките во поголемиот дел од годината. Американскиот конкурент го заврши авиошоуто со 321 нето нарачки.

„Airbus“ си постави цел за оваа година од барем 650 нарачки на авиони. Главниот извршен директор на трговскиот оддел на „Airbus“, Џон Лихи рече дека целта е се уште достижна. Компанијата соопшти дека веќе има резервирани 197 нарачки за воздухоплови.

Овие договори се во вредност од 26,3 милијарди долари. Таа има и гарантирани обврски за уште 82 авиони во вредност од 8,7 милијарди долари.

Најголемата зделка за компанијата била од буџетскиот превозник „AirAsia“, кој купил 100 парчиња авиони „A321neo“ во вредност од над 12 милијарди долари.

Друга трансакција вклучува два авиони „Airbus A330“ кои „International Consolidated Airlines Group“ ќе ги купи за „Aer Lingus“.

„Boeing“ соопшти дека ќе обезбеди околу 740 нарачки во 2016-та година, а производителот со седиште во Чикаго изјави дека гарантирал 20 цврсти нарачки на авиошоуто во Фарнбороу, оценувани на 3,3 милијарди долари по каталошки цени, иако обично авиокомпаниите добиваат попусти.

Последното известување за договор на „Boeing“ е за зделка за 4,1 милијарди долари со кинеската „Donghai Airlines“ за 25 авиони модел „737 Max 8“ и за пет авиони модел „787-9 Dreamliners“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП