22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкарскиот гигант на САД ги надмина очекувањата

Банкарскиот гигант на САД ги надмина очекувањата

36671010578885abf162e574070564_w640

Американската инвестициска банка „JP Morgan Chase“ пријави солидна заработка во вториот квартал поради скокот на приходите од тргувањето.

Најголемата американска банка според обемот на средства заработила 5,67 милијарди долари по исплатата на акционерите, што е благ пад во однос на профитот од 5,78 милијарди долари од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Кога станува збор за заработката по акција таа изнесуваше 1,55 долари во однос на 1,54 долари во истиот период лани.

Деловните резултати на „JP Morgan Chase“ ги надминаа очекувањата на анлитичарите од Волстрит кои прогнозираа заработка од 1,42 долари по акција.

„JP Morgan Chase“ продолжи да работи добро во сите наши деловни одделенија“, изјави генералниот директор Џејми Дајмон.

Вкупните нето приходи на банката пораснале на 25,21 милијарда долари од 24,53 милијарди долари од вториот квартал минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП