22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAvast ја купува AVG Technologies за 1,3 милијарди долари

Avast ја купува AVG Technologies за 1,3 милијарди долари

avast-avg-2

Avast Software ја купува AVG Technologies за 1,3 милијарди долари во готово, а целта и е да додаде софтвер за заштита на мобилни телефони од малициозни софтвери, додека се обидува да стане важен дел од растечкиот број на физички уреди поврзани на интернет, пишува „Bloomberg“.

„Avast“, која е поддржана од страна на компанијата за удели во инвестирање „CVC Capital Partners“, ќе плати по 25 долари по акција во готовина, објавија двете компании во соопштението. Тоа е 33% над цената по која акциите на „AVG“ ја завршија трговијата во средата во Њујорк.

Договорот ќе и даде на „Avast“ повеќе можности во бизнисот поврзан со интернет безбедноста, така што ќе се прошири бизнисот и географскиот опсег, како на основниот бизнис на компанијата, така и на овој во нови области како интернет на нештата, се дополнува во соопштението.

Банкарите од „Jefferies International“ ја советувале „Avast“, додека „White & Case“ и „De Brauw Blackstone Westbroek“ дале правни консултации. „Morgan Stanley“ била финансиски советник на „AVG“, а за правните прашања биле ангажирани „Orrick“, „Herrington & Sutcliffe“ и „Allen & Overy“.

„Avast“ планира да го финансира договорот со готовина и долгови за финансирање. „Credit Suisse Group“, „Jefferies“ и „UBS“ се согласиле да обезбедат 1,69 милијарди долари за финансирањето. „Avast“ исто придонела со 150 милиони долари капитални инвестиции.

„Avast“ планираше ИПО во 2012-та година, но се откажа од него поради пазарните услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП