16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗеми си со себе приказна од Скопје

Земи си со себе приказна од Скопје

st

Што дознавте за Скопје? Што ќе понесете од Скопје? По што ќе го паметите Скопје?

Секој град не го чинат само неговите градби и улици, туку многу повеќе безбројните приказни раскажани од неговата историја и минато.  „Storytelling Skopje“ одбра 16 такви кои ќе ве научат, зачудат или насмејат, но нема да ве остават рамнодушни (во никој случај). Ќе ве направат гладни за уште слични сведочења и ќе ве натерат да барате Storytelling приказни каде и да одите како турист низ светот.

Која е врската на Чарли Чаплин и Марлен Дитрих со Скопје? Каде поминува и до каде оди „патот на памукот“? Која била и како завршила автентичната скопска Атлантида? Колку трагична, но и романтична знаела да биде љубовта во Скопје? Што рекол Пикасо при предавање на својата слика како подарок за настраданото население во земјотресот во Скопје? Кој е сценарист на филмот за Александар Македонски на Universal Pictures? Кога Скопје пропуштило шанса да биде Виена на Балканот? Кои славни личности минале низ Скопје и кои се нивните импресии? Кој ја најави својата светска шампионска титула во Скопје? Како во Скопје се дочекуваат шампионите? Каков всушност е животот на овие простори и која е врската со стариот Скопски театар? Како се живеело и како се живее во Скопје?

str

Одговорите на сите овие прашања побарајте ги на  „Storytelling Skopje“  производите.

Тие се неверојатни, возбудливи, љубовни, фасцинирачки и шокантни настани пренесени на разгледници,постери,магнети и мајци кои кога ќе ги погледнете ќе се присетите на секое место и на секој момент поминат во Скопје.

Земете си со вас една приказна,за долг спомен од нашиот град.

За повеќе информации околу „Storytelling Skopje“ можете да ја посетите нивната веб страна http://storytellingskopje.com/  како и на facebook https://www.facebook.com/Storytelling-Skopje-580905908735733/ .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП