2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБалкан Петролеум Холдинг Лимитед ја предаде документацијата за дозвола, експертите предупредуваат КХВ...

Балкан Петролеум Холдинг Лимитед ја предаде документацијата за дозвола, експертите предупредуваат КХВ нека го истражи сомнителниот историјат на компанијата

mpe

Компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, во Понеделник на 04.07.2016 година, официјално го поднесе барањето за издавање на дозвола за понуда за преземање на Макпетрол врз основа на законот за преземање на акционерски друштва до Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија.

Меѓу документацијата со барањето е испратена и понуда за преземање, проспект за преземање како и останата документација согласно законот, која ќе послужи за верификација на податоците во процесот.

Според член 31 од законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност во рок од 10 работни дена од денот на поднесување  на комплетната документација ќе треба да се произнесе со својот став во врска со дозволата.

Универзитетскиот профеор Марко Андонов смета дека законот пропишува формално правни критериуми врз основа на кои КХВ одлучува, но дека Комисијата како регулатор мора да ги следи и другите информации, особено медиумските кои ја доведуваат во прашање сериозноста и репутацијата на новоформираната компанија.

-Јас да сум регулатор ќе барам од основачот на компанијата да ми ги даде на увид сите нејзини извештаи. Ова треба да го направи КХВ пред да донесе каков било заклучок во врска со понудата на купувачот. Ова е многу важно, освен проверка на фирмата понудувач, да се проанализира историјатот на основачот и така КХВ да стигне до релевантни податоци, до оние податоци кои медиумите започнаа да ги објавуваат. Регулаторот ако сака може да открие и многу повеќе од тоа, изјавува професорот Андонов. Тој своите анализи ги прави и врз основа на искуството затоа што работеше во Секторот за супервизија во КХВ.

-Сопственичката структура е секако важен сегмент кој мора да се следи пред да се донесе каков било заклучок. Да не заборавиме дека на увид мора да се имаат финансиските извештаи, репутацискиот ризик, како и рејтингот на компанијата. Ако офшор формиран пред еден месец со јасна намера и конкретна цел се појавува како понудувач, тогаш мора да се проверуваат и други работи, освен дали се исполнети условите од законот. Видете, „Макпетрол“ е специфична компанија, со специфичен бизнис, станува збор за горива, плин и гас, затоа нивото на внимателност мора да е повисоко, коментира Андонов.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП